четврток, 13 март 2025

ОН: Повеќе од милион Сиријци се вратиле во своите домови

Повеќе од милион луѓе се вратиле во своите домови во Сирија по уривањето на режимот на  Башар ал Асад, вклучувајќи 280.000 бегалци кои се вратиле од странство, соопштија Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Асад беше урнат во декември во офанзивата на исламистичките сили, со што заврши децениското владеење  на неговото семејство во таа блискоисточна земја и заврши граѓанската војна која почна во 2011 година.

Војната во Сирија однесе повеќе од половина милион животи и расели милиони луѓе од нивните домови. Исламистите, чија брза офанзива го урна Асад, настојуваат да ја убедат меѓународната заедница дека раскинале со џихадистичкото минато и дека ќе ги почитуваат правата на малцинствата.

„Од падот на режимот проценуваме дека 280.000 сириски бегалци и повеќе од 800.000 раселени лица во земјата се вратиле во своите домови“, напиша на социјалната мрежа Икс високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„Напорите за воена обнова мора да бидат порешителни и побрзи, инаку луѓето повторно ќе заминат – ова сега е итно“, предупреди тој.

На состанокот во Париз кон средината на февруари околу 20 земји, вклучувајќи ги арапските држави, Турција, Британија, Франција, Германија, Канада и Јапонија, се договорија дека „заеднички ќе работат на обезбедување на успехот на транзицијата низ процесот кој го води Сирија“.

Во завршната објава е вклучена и поддршка за новите власти во Сирија во борбата против „сите облици на тероризам и екстремизам“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ