„Европската Унија, која е формирана со исклучива цел за искористување на Соединетите Држави, тукушто воведе гадна царина од 50 отсто на вискито.
Ако оваа царина не се повлече веднаш, САД наскоро ќе воведат царини од 200 отсто на сите вина, шампањски и алкохолни производи кои стигнуваат од Франција и другите ЕУ земји. Тоа ќе биде одлично за вината и шампањските во САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.
Владата на Трамп вчера наметна глобални царини од 25 отсто на челикот и алуминиумот. Европската комисија набрзо одговори објавувајќи листа на американски производи на кои би биле воведени контрамерки.
Листата, која има 99 страници, главно опфаќа место, живина, овошје, зеленчук и алкохолни пијалаци, но вклучува и мастики за џвакање, никотински е-цигари и фластери, како и долна облека.
Некои артикли на листата изгледаат како директен удар на американскиот стил на живот – вклучувајќи ја облеката за престој на отворено, алатот за работилници и домашни уреди. Покрај тоа, тука се и тешката индустриска опрема како градежни машини, чистачи на снег и мотоцикли.