петок, 25 октомври 2024

ОН: Израелските населби на Западниот брег рекордно се шират

Израелските населби на окупираните палестински територии на Западниот брег рекордно се прошириле и постои опасност од елиминација на каква било практична можност за палестинска држава, кажа високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Волкер Турк.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Турк кажа дека ширењето на израелските населби подразбира дека Израел го сели сопственото население, што е воено злосторство.

Владата на американскиот претседател Џо Бајден кажа минатиот месец дека населбите не се во согласност со меѓународното право откако Израел најави нови станбени планови на окупираниот Западен брег.

„Насилството на доселениците и прекршувањата поврзани со населбите достигнаа шокирачки нови нивоа и можат да предизвикаат исчезнување на секоја практична можност за формирање одржлива палестинска држава“, истакна Турк во извештајот кој ќе биде претставен во Советот за човекови права во Женева на крајот на март.

Извештајот на 16 страници, заснован на набљудувањата на ОН, како и на други извори, документира 24.300 нови израелски станбени единици на окупираниот Западен брег во текот на едногодишниот период до крајот на октомври 2023, што е најголемиот број забележан од почетокот на следењето во 2017.

Израел го зазеде Западниот брег во војната во 1967, а израелската војска тврди дека на Западниот брег спроведува антитерористички операции против милитанти, без да пружи докази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ