вторник, 22 октомври 2024

ОН: Израел забранува достава на хуманитарна помош на северот на Газа

Израел продолжува да забранува влез на хуманитарната помош во северниот дел од Појасот Газа за време на големата офанзива во таа област, кажа шефот на Агенцијата за палестинските бегалци на Обединетите нации (УНРВА) Филипе Лазарини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израелските власти продолжуваат да ги блокираат хуманитарните мисии на северот со клучни залихи, вклучувајќи лекови и храна за луѓето под опсада“, кажа Лазарини. Додаде дека се погодени болници кои останале без струја, додека повредените се без нега.

Шефот на УНРВА кажа дека засолништата кои ги води агенцијата во северна Газа се преполни. „Некои раселени сега се присилени да живеат во тоалетите“, кажа Лазарини, додавајќи дека Палестинците кои се обидуваат да избегаат „умираат, а нивните тела остануваат на улиците“.

Истакна дека се одбиени и барањата за мисија на спасување на луѓето под урнатините.

Функционерот на Обединетите нации повика на пружање помош на сите луѓе во Појасот Газа.

„На хуманитарните агенции, вклучувајќи ја УНРВА, мора да им се овозможи пристап до северот на Појасот Газа. Ускратувањето хуманитарна помош за постигнување воени цели е знак колку е низок моралниот компас. Никој не би требало да моли за помош“, кажа Лазарини и додаде дека прекин на огнот би можел да биде „почеток на сопирањето на овој бескраен кошмар“.

Минатата недела Еуро-Медитераниан хјуман рајтс монитор извести дека израелската забрана оставила 200.000 луѓе на северот на Појасот Газа без храна и вода за пиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ