вторник, 22 октомври 2024

ОН: Израел веројатно повеќе пати ги прекршил правилата на војување

Израелската војска веројатно повеќе пати ги прекршила основните принципи на законот за војување и не правела разлика меѓу цивили и борци за време на својата воена операција во Појасот Газа, соопшти денес Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот, во кој се анализирани шест израелски напади кои предизвикале голем број цивилни жртви и разурнување на цивилната инфраструктура, се наведува дека израелските сили „можеби систематски ги кршеле“ принципите на разликување на цивили од борци и мерките за намалување на бројот на жртви при нападите, пренесува Ројтерс.

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Тирк истакна дека израелската војска при воздушните напади на Појасот Газа не преземала мерки да се избегнат или минимализираат цивилните жртви.

Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти минатата недела дека убиството на цивили за време на израелската операција за ослободување на четворица заложници во централниот дел на Појасот Газа може да претставува воено злосторство.

Канцеларијата истакна дека воено злосторство може да биде и тоа што палестинските милитанти држат заложници во густо населени подрачја. Во израелската воздушна и копнена офанзива досега се убиени над 37.400 Палестинци во Газа, според податоците на локалното министерство за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ