вторник, 22 октомври 2024

ОН: Децата во Газа пијат солена вода

Децата се соочуваат со „катастрофална“ ситуација во Газа, а родителите немаат друг избор освен да им даваат солена вода, соопшти агенцијата за детска помош на ОН УНИЦЕФ. Тоби Фрикер, портпарол на УНИЦЕФ, изјави за Би-би-си дека недостигот постоел во Газа дури и пред сегашниот конфликт да биде „подигнат на ново ниво“.

Објавено на

часот

Сподели

„Една од нашите членки на персоналот има четиригодишно и седумгодишно дете, а таа само се обидува да си ги заштити девојчињата, да ги одржува во живот секој ден“, рече тој.

„Таа зборуваше дека тие пијат само солена вода, а нејзината ќерка вели: ‘Мамо, зошто не можат да ја вратат нормалната вода што ја имавме во нормалните денови?’“, додава тој.

Запрашан за резервите за помош што сега би можеле да влезат во Газа, Фрикер рече: „Имаше залихи, но тие беа многу мали. Кога ќе ги видите огромните потреби на теренот што ги имаме, треба да ги има уште многу, многу, многу повеќе“.

Фрикер повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“ и зголемување на помошта за Газа „на трајна основа“.

„Она што сега го гледаме на дневна основа е дека децата се убиваат, се рануваат и се осакатуваат“, рече тој, а потоа додаде: „Тоа е приоритет број еден – да се заштитат животите на децата и да се одржуваат децата во живот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ