недела, 21 јули 2024

ОН: Бројот на бегалци се искачи на рекордни 110 милиони

Објавено на

часот

Сподели

Оттогаш, тој број порасна на 110 милиони, најмногу поради осумнеделниот конфликт во Судан, изјави за новинарите високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„Сè потешко е да се замислат решенија за овие движења, дури и само да се стават на маса“, рече тој на прес-конференција во Женева. „Ние сме во многу поларизиран свет каде меѓународните тензии се испреплетуваат се до хуманитарните прашања“.

Во две децении пред конфликтот во Сирија во 2011 година, глобалното ниво беше приближно стабилно со околу 40 милиони бегалци и внатрешно раселени лица, покажа извештајот за принудно раселување.

Но, оттогаш, бројот на бегалци расте секоја година и сега е повеќе од двојно зголемен. Повеќе од едно лице на 74 сега е раселено, се вели во извештајот.

Гранди го обвинува „вообичаениот пакет на причини“, наведувајќи ги конфликтите, прогонството, дискриминацијата, насилството и климатските промени.

Од вкупниот број бегалци и оние на кои им е потребна меѓународна заштита, околу половина од нив доаѓаат од само три земји: Сирија, Украина и Авганистан.

Гранди изрази загриженост за построгите правила за прием на бегалците, како и за т.н „пушбек“, без да се прецизира за кои земји станува збор.

„Гледаме се поголема неподготвеност на државите целосно да се придржуваат до принципите на конвенцијата (за бегалци од 1951 година), дури и од државите што ја потпишале“, изјави Гранди за Ројтерс.

Сепак, тој беше оптимист за некои случувања, конкретно за договорот постигнат од министрите на ЕУ минатата недела за споделување на одговорноста за мигрантите и бегалците.

„Постојат прашања кои загрижуваат. Сепак, мислам дека тоа е позитивен чекор“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ