вторник, 22 октомври 2024

ОН: Ако Русија одобри, ќе испратиме помош за евакуација на цивилите

Објавено на

часот

Сподели

Украина гарантира безбеден премин на хуманитарните работници на ОН во поплавените подрачја, но Русија мора да ги даде истите гаранции, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

„Беше договорено ОН веднаш да го зголемат износот на помошта и да испратат дополнителни сили во Херсон и другите погодени региони“, се вели во соопштението по средбата меѓу министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба и координаторката на ОН за хуманитарна помош Дениз Браун.

Украина ја обвини Русија дека не ги евакуирала жителите од окупираниот Херсон, на левиот брег на Дњепар, и дека ги гранатирала евакуираните цивили на десниот брег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ