Компанијата соопшти дека активно соработуваат со Црвениот Крст повеќе од 15 години, континуирано придонесувајќи во различни хуманитарни иницијативи кои ги спроведува организацијата.
Кампањата „Помислете на нас“ е дел од традиционалното обележување на Светскиот ден на храната, востановен во 1979 година од страна на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), кој ги поттикнува напорите за намалување на гладот и сиромаштијата на глобално ниво. Преку оваа соработка со Црвениот Крст, ОКТА ја покажува својата одговорност и грижа за заедницата во која делува, фокусирајќи се на поддршка на оние на кои им е најпотребна.
„Горди сме што ОКТА континуирано ја поддржува оваа важна кампања на Црвениот Крст и со својата донација придонесува кон зајакнување на грижата за ранливите категории во нашата заедница,“ истакна Антонио Велковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА и дода декацелта е да направат значајна разлика во животот на оние на кои им е потребна поддршка и заедно да градиме посилно и посолидарно општество.
Со оваа иницијатива, ОКТА останува посветен партнер на Црвениот Крст и поддржувач на општествените иницијативи што имаат за цел да ја подобруваат благосостојбата на сите членови на заедницата.