Од ОЈО Скопје информираат дека станува збор за узурпација на земјиште од 11 катастарски парцели во сопственост на државата, лоцирано до цветниот пазар кај Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар, а кое согласно деталниот урбанистички план „Саат кула“ во Општина Чаир било наменето за изградба на катна гаража и било предвидено за продажба со јавно наддавање.
„Меѓутоа, од 24 август 2023 година обвинетиот го користел земјиштето како импровизиран паркинг простор. Тој поставил рампа и пункт за наплата на паркинг, ангажирал еден вработен да врши наплата за користење на паркинг место и на корисниците во име и за сметка на правното лице им издавал сметки, ограничувајќи и контролирајќи го влезот и излезот до земјиштето. Јавниот обвинител предложи спрема обвинетиот да биде определена и мерка на претпазливост, забрана да презема работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана да го користи земјиштето“, информираа од ОЈО Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по пријавите за дивите паркинзи во Општина Чаир, вчера поднесе обвинение против друго физичко и правно лице кои исто така подолг период узурпирале земјиште за таа намена во близина на Поликлиниката Битпазар.