петок, 25 октомври 2024

Охриѓанка паднала од трет кат, полицијата приведе две лица

СВР – Охрид соопшти дека ги привела А.Д.(32) и Е.М.(21), и двајцата од Охрид. Несреќата се случила денеска во зградата каде се сместени социјално ранливи семејства на улицата Карпош Војвода во Охрид.

 

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Според полициското соопштение, во 11:10 часот бил пријавен случајот за пад на жена од трети кат. Жената со тешки телесни повреди со возило на Службата за итна медицинска помош била пренесена во болницата Св.Еразмо во Охрид.

СВР – Охрид соопшти дека ги привела А.Д.(32) и Е.М.(21), и двајцата од Охрид.

На местото на настанот увид вршат јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на околностите во врска со случајот.

Според непотврдени информации, повредената С.О. која била контактибилна во болницата каде е пренесена пред истражните органи дала изјава дека сама скокнала од балконот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ