петок, 25 октомври 2024

Охриѓанец пријавил дека полицајци го малтретирале, тие го привеле зашто тој се однесувал агресивно со нив

Вчера во 14:25 часот на улица Марко Цепенков во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Ј.М.(46) затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со настанот, Ј.М. пријавил дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што се здобил со тешки телесни повреди. За настанот биле известени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионалним стандарди при МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ