вторник, 22 октомври 2024

Ограбил банка во Аеродром, но е фатен од полицијата

Скопјанец е уапсен од полицијата откако синоќа ограбил аптека во населбата Аеродром во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 20 часот на подрачјето на Аеродром, во близина на основно училиште, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(28) од Скопје, поради тоа што околу 17.30 часот во аптека, со закана од вработената одзел пари, информира МВР.

„Со него е извршен службен разговор во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените пари кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво“, велат од МВР.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ