понеделник, 21 октомври 2024

Одмазда за погодениот танкер: Американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Хутската телевизија Ал Масира денеска објави дека два американски и британски воздушни напади биле насочени кон пристаништето Рас Иса, главниот јеменски терминал за извоз на нафта. Засега не се познати повеќе детали.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Воздушните напади се изведени во време кога јеменските бунтовници Хути ги засилија нападите врз бродовите кои транзитираат по Црвеното Море, вклучително и удар што предизвика пожар на танкер со гориво минатата ноќ. Танкерот Марлин Луанда, кој пловел за трговската компанија Трафигура, е оштетен, но нема информации за повредени, а помош пружил брод на американската морнарица, соопшти американската војска.

Околу осум часа подоцна, американската војска уништи противбродска ракета на Хутите насочена кон Црвеното Море, подготвена за лансирање, објави централната команда во објава на Икс.

Воениот портпарол на Хутите, Јаха Сареа, рече дека групата користела „голем број поморски ракети“ и дека вчерашниот напад бил „директен“. Тоа уследи по претходниот инцидент вчера кога УКМТО извести за два проектили во морето во близина на брод лоциран југозападно од Аден.

Од ноември Хутите, поддржани од Иран, извршија десетици напади врз комерцијални бродови што пловат по Црвеното Море, еден од најпрометните водни патишта во светот, во знак на солидарност со Палестинците во Газа, каде Израел се бори против Хамас.

САД и Велика Британија започнаа воздушни напади против групата како одговор на нејзините напади, а Хутите последователно предупредија дека ќе ги засилат своите напади врз бродовите. Многу танкери со нафта продолжуваат да ја користат таа рута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ