Како што пренесува порталот „Кликс“, комарците се причината за смртта на околу 725.000 лица годишно, во просек. Овој инсект пренесува маларија, Зика-вирус, западнонилска треска и повеќе други опасни или смртоносни болести.
Зад комарецот е човекот. Просечно, по 400.000 луѓе во една година се убиени од човек.
Змиите, статистички, се „помалку опасни“ – тие годишно убиваат околу 138.000 луѓе. Според Светската здравствена организација – СЗО, во светот има над 600 видови отровни змии, но само 200 од нив се опасни за луѓето. Кралската кобра е една од нив.
Кучињата годишно убиваат по 59.000 луѓе, главно со пренесување на болеста беснило. Ова е особено голем проблем во Азија, Африка и Средна и Јужна Америка. Следни на списокот се т.н. грабливи стеници (лат.: Reduviidae), со околу 10.000 усмртени лица, скорпиите коишто усмртуваат 3.300 лица, крокодилите (1.000), слоновите (600), нилските коњи (500) и лавовите (200 убиени луѓе годишно).