Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура.
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.