недела, 24 ноември 2024
Во интервју за Досие Центар

Од Русија избега припадник на Путиновата гарда, го раскажа тајниот живот на рускиот претседател

Објавено на

часот

Сподели

Глеб Каракулов служел како инженер во единицата за претседателските комуникации на Федералната гарда (ФСО) и го придружувал Путин на повеќе од 180 патувања во изминатите 13 години. Единицата е одговорна Путин и неговиот премиер во секој момент да ја имаат шифрираната комуникација.

Каракулов за Досие Центар изјави дека успеал да побегне со своето семејство во Турција додека го придружувал Путин на посетата во Казахстан на самитот во средината на октомври 2022 година.

Знаејќи дека неговото пребегнување го прекршува рускиот закон, Каракулов вели: „Ќе беше уште поголем криминал ако останев на мојата работа“.

„Го сметам овој човек (Путин) за воен злосторник“, рече Каракулов за Досие Центар, финансирано од поранешниот тајкун во егзил Михаил Ходорковски.

Каракулов е највисокиот член на руските специјални служби за кој се знае дека пребегнал во модерната историја на земјата, вели Досие Центар.

Во текот на едночасовното интервју, тој раскажува детали за навиките, семејството и здравјето на Путин.

Каракулов вели дека Путин сè уште не користи смартфони ниту интернет и дека бара руската државна телевизија да му биде достапна на неговите патувања во странство.

Тој додаде дека Путин сѐ уште е параноичен да не се зарази со ковид-19, три години по пандемијата, и го принудува секој вработен две недели да седи во карантин пред да може да влезе во иста просторија со него.

„Тој во последните неколку години живее во информативен кожурец“, вели Каракулов за Досие Центар. „Тој патолошки се плаши за својот живот“.

„Тој се исклучи од светот со сите можни бариери: карантинот, информацискиот вакуум. Неговото сфаќање за реалноста стана искривено“.

Сепак, Каракулов ги негира шпекулациите дека 70-годишниот лидер боледува од непозната болест: „Тој е со подобро здравје од многу други луѓе на негова возраст“.

Каракулов

Инженерот од ФСО потврди некои од минатите сензационални истражувачки извештаи за личниот живот и богатството на Путин.

Каракулов вели дека семејството на Путин, кое рускиот претседател никогаш јавно не го идентификувал, е „јавна тајна“ за која се разговарало меѓу колегите офицери на ФСО. Тој се присетува дека колегите споменале дека Путин престојувал во своите резиденции со своите ќерки или партнерки за кои се шпекулира.

Каракулов рече дека со колега го потврдил постоењето на раскошната палата на Путин на Црно Море, откако тоа беше детално опишано во сензационалната истрага на тимот на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Каракулов ги потврди и информациите дека Путин има идентични канцеларии во неколку резиденции. Тој сподели анегдота дека бил сведок дека Путин се наоѓа во својата канцеларија во Сочи додека во телевизиски извештај се велело дека тој одржува состанок во својата резиденција надвор од Москва, стотици километри на север.

Досие Центар рече дека го снимил интервјуто со Каракулов некаде кон крајот на 2022 година и го објави во вторникот, откако се увери дека тој и неговото семејство ја напуштиле Турција и се на безбедно место.

Каракулов вели дека неговата резервираност кон раководството на Русија првпат се појавила со анексијата на Крим во 2014 година и неговата работа на организирање скапи патувања за Путин и премиерот Михаил Мишустин.

Оваа резервираност достигнала пресвртна точка на денот кога руските трупи ја нападнаа Украина на 24 февруари 2022 година, а потоа откако Путин прогласи мобилизација на резервистите на 21 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ