среда, 5 февруари 2025

Од петок студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег

Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер над 65 километри на час и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места.

Објавено на

часот

Сподели

Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 30 литри на метар квадратен, па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места.

Управата за ходрометеоролошки работи соопшти дека преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

Во Скопје од петок попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во сабота ќе дува засилен северен ветер и во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат преминат во снег. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од понеделник попладне.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ