вторник, 22 октомври 2024

Од ноќеска на полноќ мазутот ќе се продава по нова цена

Од полноќ се намалува малопродажната цена на мазутот, додека цените на бензините остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Мазутот се намалува за 1,009 денари за килограм и тој од полноќ ќе се продава по цена од 47,625 денари за килограм.

Еуросуперот БС 95 и понатаму ќе се продава по цена од 84 денари за литар, еуросупер БС – 98 по цена од 86 денари за литар, а дизелот по цена од 77 денари за литар.

Непроменета останува и цената на екстра лесно масло кое ќе се продава по 75,5 денари за литар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ