вторник, 22 октомври 2024

Обвинителството отвори истрага против скопјанец кој пустошел шуми

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот 29-годишен скопјанец, во периодот од 1 декември 2020 година до 18 мај 2023 година од парцела во селото Елово украл огревни дрва, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 30.000 денари. На 11 јуни годинава пак, на земјиште во сопственост на ЈП „Национални шуми“ – подружница ШС „Караџица“, лоцирано во атарот на селото, тој опустошил шума и нанел материјална штета од 70.000 денари“, соопштија од ОЈО Скопје.

Оттаму велат дека побарале определување на притвор за осомничениот затоа што постојат околности што укажуваат дека осомничениот скопјанец може да избега.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ