понеделник, 28 октомври 2024

Обвинителството ги побарало материјалите од Собранието за случајот Онкологија

Пратеничката Рашела Мизрахи, која беше претседателка на собраниската Анкетна комисија за случувањата во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија денеска информира дека до претседателот на Собранието Талат Џафери испратила допис да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

„На 19 декември 2023, Основното јавно обвинителство испратило допис со барање за достава на материјалите од работата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија од Собранието. Бидејќи мандатот на Анкетната комисија е истечен, како поранешен претседател и поранешен нејзин член, испратив допис до Претседателот и Генералниот Секретар на Собранието укажувајќи дека е потребно да постапат по барањето на ОЈО во рокот предвиден со истото. Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината таква каква што е“, напиша Мизрахи на својот фејсбук профил.

Таа додава дека сѐ што требало да направи комисијата е направено и дека останатото е во рацете на Јавното обвинителство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ