Според Обвинителството, вчера на граничниот премин Долно Блаце, осомничениот му дал 50 евра на полициски службеник за тој да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Откако претходно возач на авотбус со косовски национални ознаки бил одбиен за влез во државава бидејќи немал соодветен сертификат за професионален возач на автобус, осомничениот дошол на граничниот премин, се претставил како сопственик на превозната компанија и побарал да разговара со сменоводителот. Кога влегол во канцеларијата на сменоводителот на неговото биро оставил банкнота од 50 евра за да му овозможи влез на возачот и автобусот во државава.
„Осомничениот веднаш бил лишен од слобода, а бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и евентуалните соучесници, како и да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител му предложи на судот да определи притворска мерка со цел да го обезбеди неговото присуство во текот на постапката“, информираа од Јавното обвинителство.