До моментов се прифатени предлози за осуммина осомничени, а за едно лице судијата на претходна постапка треба да донесе одлука до крајот на денешниот ден.
„Ценејќи дека се исполнети условите, а заради непречено водење на кривичната постапка, обвинителството до судијата на претходна постапка предложи на останатите осомничени да им бидат определени мерки на претпазливост, како поблаги мерки за обезбедување присуство и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи судијата на претходна постапка, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.
Обвинителите во текот на денешниот ден до Основниот кривичен суд доставија и пет предлози за времени мерки за обезбедување на имот на дел од осомничените.
Во текот на вчерашниот ден при претресите пронајдени се и одземени парични средства во вкупен износ од 208 000 евра, над 30 мобилни телефонски апарати, компјутери, лаптопи, УСБ- стикови, едно моторно возило марка „БМВ“ и обемна документација поврзана со кривично правниот настан“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Македонија.