Лула неодамна заврши на интензивна нега по итна операција на мозокот, па Фицо во Бразил беше пречекан од потпретседателот Џералдо Алкмин.
Како што објави Блумберг, Алкмин при пречекот на Фицо во Бразилија на ручекот читал од ливче, како да чувствувал ризик од кардинална грешка.
„Лула ме замоли да ви испратам топла прегратка и да ја споделам неговата среќа што ве прима“, рекол Алкмин. „Патем, ова е прв пат премиер на Југославија да доаѓа во посета на Бразил и ние сме среќни и почестени“.
На ливчето од кое читал Алкмин точно била напишана Словачка, а не Југославија. Што се однесува на Фицо, кој го слушал Алкмин со помош на преведувач, тој оставил впечаток дека не го забележал пропустот.
Рекол дека се надева на „брзо закрепнување на Лула бидејќи на светот му требаат луѓе како него“.