петок, 24 јануари 2025

Украина ја гаѓаше Русија со американски ракети АТАКМС

Киев нападна воен аеродром во близина на градот Таганрог, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинските сили истрелаа бараж од шест проектили АТАКМС од американско производство на воен аеродром во близина на јужниот руски град Таганрог, соопшти Министерството за одбрана во Москва, ветувајќи дека ќе се одмазди за нападот.

Два од проектилите беа соборени, додека другите четири беа погодени со средства за електронско војување и скршнаа од курсот, се вели во соопштението на Министерството. Нападот нанесе мала штета на аеродромот, при што две административни згради и голем број автомобили беа погодени со шрапнели.

Непознат број руски војници се повредени во нападот од „паднатите парчиња од проектилите“, додаде Министерството, ветувајќи дека ќе возврати за нападот.

„Овој напад со долгометно западно оружје нема да остане без одговор, и ќе бидат преземени соодветни мерки“, се вели без да се наведат дополнителни детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ