петок, 25 октомври 2024

Облачно време со сончеви периоди и дневни температури до 2 степени

Денес во Македонија ќе има постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но со пониски температури. Претпладне претежно во јужните делови ќе има услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Утринските температури бидат од минус 9 до 0, додека во текот на денот ќе достигнат меѓу минус 3 и 5 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде студено и променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во текот на денот ќе достигне до 2 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ