петок, 25 октомври 2024
Време

Облачно и ветровито со локални врнежи од дожд

Времето во Македонија, после свежото утро, преку денот ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено изразени во западните и северните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен (над 70 км/час).

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утре наутро времето ќе биде посвежо, а преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 Целзиусови степени, а максималните од 15 до 22.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ