понеделник, 21 октомври 2024

Објавени првите резултати од пописот, Црна Гора има повеќе жители од 2011

Монстат ги престави прелиминарните резултати на пописот според кои во Црна Гора живеат 633.158 жители. На пописот во 2011 година Црна Гора имала вкупно 620. 029 жители.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според прелиминарните резултати, во Црна Гора има 217.441 домаќинства и 396.873 стана. Помошничката на директорот на Управата за статистика Снежана Ремиковиќ кажа дека бројот на жителите пораснал за околу два отсто.

Најмногу жители има во Подгорица и Никшиќ, а најмалку во Шавник, Плужине и Жабљак.

Прелиминарните резултати опфаќаат објавување на резултатите на пописот, по населби, единици на локалната самоуправа и за територијата на Црна Гора за бројот на жители, домаќинства и станови и други населени простории.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2023 година почна на 3 декември а заврши на 28 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ