понеделник, 21 октомври 2024

Објавена снимка од апсењето на поранешниот албански претседател Илир Мета (ВИДЕО)

Албански специјалци уапсија еден од највлијателните политичари во таа држава, Илир Мета, поради сомнеж дека е вмешан во корупциски афери и перење пари во времето кога бил премиер, претседател и парламентарен спикер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата го сопрела Мета додека со автомобил возел кон местото на кое закажал конференција за медиумите. Веднаш по апсењето бил одведен во просториите на специјалното обвинителство.

Пред апсењето тврдеше дека никогаш не се бавел со финансии, туку дека за тоа се грижела неговата сопруга Моника Криемади.

Проблемите, како што се чини, настанале кога почнала бракоразводната парница, пишуваат албанските медуми.

Албанската опозиција бурно реагираше, тврдејќи дека апсењето е политички мотивирано, и дека не би било изненадување ако Мета биде ликвидиран.

„Сè во овој случај е политички мотивирано и по наредба на Еди Рама, кој на сите начини се обидува да го елиминира Мета политички, а ако е можно и физички“, кажа претседателот на опозициската Демократска партија Сали Бериша.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ