вторник, 22 октомври 2024

Објавен распоредот во Ла Лига: Мбапе ќе дебитира на „Сон Моикс“, Столе со Валенсија ќе ја пречка Барса

Ла Лига попладнево го објави распоредот за сезоната 2024/25, Килијан Мбапе ќе дебитира со Реал Мадрид на гости кај Мајорка, нашиот Столе Димитриевски со Валенсија ќе ја пречека Барселона.

Објавено на

часот

Сподели

Новата сезона во Ла Лига ќе почне викендот на 17/18 август, а првото коло ќе донесе неколку интересни натпревари.

Сите очи ќе бидат вперени кон „Сон Моикс“, Килијан Мбапе ќе треба да дебитира во дресот на Реал Мадрид на гостувањето кај Мајорка.

Нашиот Столе Димитриевски со неговата Валенсија ќе ја пречека Барселона, а Виљареал ќе се сретне со Атлетико Мадрид.

Првото „Ел Класико“ ќе се игра во 11. коло кое на програмата ќе биде на крајот на октомври, додека пак втората пресметка помеѓу Реал Мадрид и Барселона е на крајот од сезоната, во месец мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ