петок, 18 октомври 2024

Обамовци ја поддржаа Камала Харис: Ќе направиме сѐ што можеме за да ѝ осигуриме победа (ВИДЕО)

Поранешниот демократски претседател на САД Барак Обама заедно со својата сопруга Мишел ја поддржа кандидатурата на актуелната потпретседателка Камала Харис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претходно неделава, Мишел и јас ѝ се јавивме на нашата пријателка Камала Харис. Ѝ кажавме дека мислиме дека ќе биде фантастична претседателка на САД и дека ќе ја има нашата целосна поддршка. Во овој критичен момент за нашата земја, ќе направиме сѐ што можеме за да ја обезбедиме нејзината победа во ноември. Се надеваме дека ќе ни се придружите“, напиша Обама на Икс, како коментар на снимка на која се одвива нивниот телефонски разговор.

На снимката се слуша Мишел Обама како ѝ вели на Харис дека се гордее со неа и дека „ова ќе биде историско“. Се вклучува и Барак Обама, кој ѝ вели дека Мишел и тој се гордеат со својата поддршка за неа.

Според овомесечните анкети, само Мишел Обама, која и натаму е многу популарна меѓу демократските гласачи, го надмина Бајден и водеше против Трамп со 50 спрема 39 отсто во хипотетичкиот дуел.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ