петок, 8 ноември 2024

Израелските власти се убедени дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен, се чекаат резултати од ДНК тест

Тајмс оф Израел објави дека висок израелски функционер рекол дека постои „голема веројатност“ дека еден од тројцата милитанти убиени од Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Газа е лидерот на Хамас Јахја Синвар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извештаите, официјалните лица веруваат со висок степен на сигурност дека телото е на Синвар, но конечната идентификација се очекува да трае неколку часа, објави Тајмс оф Израел.

Во извештаите се наведува дека три тела се однесени на ДНК тестирање, а ќе се вршат и стоматолошки проверки и отпечатоци. Израел, исто така, има отпечатоци од прсти и стоматолошкo досие на Синвар од неговото време поминато во затвор.

Ројтерс пренесува дека Ал-Мајд, веб-страница поврзана со Хамас, која вообичаено објавува вести за безбедносни прашања, ги повика Палестинците да чекаат информации за Синвар директно од самата група, а не од израелските медиуми, кои според неа имаат за цел да го скршат нивниот дух.

Потенцијалната смрт на Синвар би можела да донесе клучна пресвртница во војната меѓу Израел и Хамас која трае повеќе од една година, пишува Си-ен-ен.

Со оглед на тоа што преговорите за прекин на огнот и договорот за заложници за ставање крај на војната беа закочени со месеци, високи американски функционери се надеваа дека Синвар еден ден би можел да биде елиминиран, што ќе му овозможи на Израел да прогласи крај на војната во Газа.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска најави дека земјата ќе стигне до секој терорист и ќе го елиминира.

На платформата Икс тој објави фотографии од поранешниот воен водач на Хамас Мухамед Деиф и лидерот на либанскиот Хезболах Хасан Насрала прецртани со црвена буква Х, и исто така прецртана трета затемнета фотографија, што очигледно е алузија на Синвар.

Од почетокот на војната во Газа пред една година се известуваше дека Синвар се опколил со израелски заложници за да се обезбеди, а висок американски функционер неодамна изјави дека таква е и проценката на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Израелската армија сè уште проверува дали екстремистот кој неодамна беше убиен од израелските војници е навистина Синвар, додавајќи дека во зградата каде што е пронајдено телото на убиениот немало заложници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ