четврток, 18 јули 2024

Нурја: Манипулациите со пописот во Албанија се прават заради ЕУ фондовите

Поранешната директорка на албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ), Инес Нурја, за  Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во Тирана и Драч тврди дека пописниот процес пропаднал. За манипулации со бројки претходно обвини и опозицијата, како и претставниците на македонското, влашкото и грчкото малцинство, кои најавија дека не ги признаваат.

Објавено на

часот

Сподели

„Објавената бројка е нереална. Тоа е голема лага, а во Тирана и Драч, според податоците што ги имам, процесот пропадна. Манипулацијата се прави поради фондовите на ЕУ, од политички причини“, рече таа.

Нурја посочи дека кога била на чело на институцијата што го евидентира населението, пописните податоци изработени во 2011 година биле објавени во рок од пет недели.

„Бројката е зголемена, има голема лага. Пред 12 години беше многу потешко да се прави попис бидејќи технологијата не беше толку развиена и резултатот беше објавен за пет недели. Во 2001 година, кога пописот беше направен на најтрадиционален можен начин, со пишување на хартија, резултатот беше објавен за два месеца. Сега, 12 години подоцна, се објавуваат по осум месеци и тоа остава простор за сомневања, мислам дека реалната бројка е многу мала и се манипулира со податоците“, рече Нурја.

Таа смета дека пописните резултати требало да бидат објавени неколку дена по завршувањето.

„Сега пописот се прави со таблети и резултатите за бројот на населението треба да бидат објавени брзо, како што тоа го направија Косово, Србија и Црна Гора“, посочува Нурја.

Официјалните пописни податоци објавени вчера покажаа дека населението во Албанија се намалило на нешто над  2,4 милиони жители, додека просечната возраст на населението се зголемила на 42 години.

За манипулации со бројки претходно обвини и опозицијата, како и претставниците на македонското, влашкото и грчкото малцинство, кои најавија дека не ги признаваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ