вторник, 22 октомври 2024

НСДП: Нема поддршка за влада со кадри кои му слугуваа на режимот на Груевски

„Мандатарот Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски, во најголем дел тоа се луѓе кои во минатото служеа на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ги следат многу скандали. Граѓаните за брзо ќе ги видат на дело кадрите на рециклираниот режим и заробената држава која ја инсталираа во десетгодишното претходно владеење“, соопшти НСДП и порача дека нема да даде поддршка за оваа идна влада.

Објавено на

часот

Сподели

„Кадри кои служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицковски, не може да донесат и спроведат реформи, матрицата од претходното нивно владеење останува иста.

Во град Скопје и во општините три години го гледаме нивниот начин на спроведување на ‘реформи’ и нови проекти, хаос, безредие, прсти во медот, блокирани и нефункционални локални институции, партиски вработувања и скандали.

Првите потези и чекори го најавуваат моделот на владеење, особено ако ги гледаме потезите на претседателката на државата која уште во првите недели од мандатот го крши Уставот, ги влошува односите со соседите и на нeдостоинствен начин ја претставува државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да ретерира и отстапува од изборните ветувања со кои ги изманипулираа гласачите, тоа се гледа и по првите потези на нивното делување: не го намалија бројот на министерствата, го прифатија Преспанскиот договор наместо да го ревидираат како што веруваа во предизоборната кампања и нема да го вратат претходното уставно име, не предлагаат ревидирање на Охридскиот договор и договорот со Бугарија, вонинституционално договараат задолжување од една милијарда евра, ги влошуваат односите со соседите.

НСДП нема да даде поддршка за ваков состав и програма на Влада“, се вели во соопштението на НСДП.

НСДП е дел од коалицијата на СДСМ, во заедничкиот настап на парламентарните избори доби двајца пратеници кои најавија дека ќе делуваат опозициски..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ