четврток, 25 јули 2024

Ново засилување за Струга, Кехинде пристигна крај Oхридското Eзеро

Актуелниот шампион на Македонија, Струга продолжува да се засилува во пресрет пред настапот во европските квалификации, денеска е промовиран Ланре Кехинде.

Објавено на

часот

Сподели

Струга е исклучително активна на почетокот од летниот преоден рок. Последен кој пристигна крај Oхридското Eзеро е напаѓачот Ленре Кехинде кој минатата сезона имаше одлични настапи за Гостивар.

Нигериецот стави потпис на едногодишен договор со Струга. Тој најчесто игра како централен шпиц, но може да игра и на десната офанзивна страна. На 23 натпревари за Гостивар постигна 12 голови, имаше и 5 асистенции.

Пред Кехинде, Струга промовираше уште осум засилувања, голманите Филип Дујмовиќ и Христијан Стевковски, потоа Бојан Илиевски, Масаки Такахара, Стефан Јофтовски, Стефан Спировски, Кире Ристевски и Арби Воша.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ