петок, 22 ноември 2024

Ново рочиште во случајот против Жан Митрев, нови недоследности на обвинителката

На денешното рочиште од судењето против кардиохирургот Жан Митрев, еден од присутните оштетени, Драган Малиќ се откажа од барање на какво било оштетно побарување. За разлика од него, Лидија Мецановска изјави дека во обвинителството не била прашана за штета, а денеска изјави дека има оштетено побарување и тоа во износ од 50.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

И на денешното судење обвинителката Искра Хаџи Василева продолжи со веќе редовните навреди на одбраната истовремено барајќи од судот да воведе ред. На ова судијаката Лидија Петровска одговори дека токму заради неа не е можно да се воспостави ред во судницата.

И на ова рочиште обвинителката наведе дека било дозволено групно да се испитуваат сведоци. Ова, за познавачите на правото, е признание на сериозна повреда на Законот за кривичната постапка. Обвинителката изјави дека таа им укажувала на оштетените што реално можат да очекуваат како оштетно побарување.

Дали со тоа обвинителката признава дека уште пред да започне судењето таа знае каква пресуда ќе биде донесена и им кажува на оштетените што да очекуваат, прашуваат од одбраната.

Од одбраната во изјава за МКД.мк велат дека се работи за „агресивно попречување на нашата работа да ја вршиме својата законска функција не само на денешното судење, туку и во сите претходни”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ