сабота, 30 ноември 2024

Новиот суперб на Шкода претставен во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На македонскиот пазар пристигна целосно новиот суперб. Предводникот на Шкода влегува во новата генерација со уште поголеми димензии, паметно развиен изглед и широк спектар на нови технологии, порачуваат од Порше Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Со избор од три модерни погонски варијанти и подобрена аеродинамика, тој е поефикасен од кога било. Линијата на погонски варијанти започнува со бензинскиот 1,5-литарски ТСИ со блага хибридна технологија и моќност од 150 коњски сили, додека дизел моторите се достапни во две варијанти, со моќност од 150 коњски сили и преден погон и со погон на сите тркала и моќност од 193 коњски сили.

Новата, чиста и пространа внатрешност уште повеќе ги користи одржливите материјали и доаѓа со особено интуитивен концепт на контрола кој вклучува смарт дајалс на Шкода и ЧетГПТ.

Новиот суперб доаѓа со препознатлива, октагонална решетка на ладилникот и остро исцртани ЛЕД матрикс светла кои обезбедуваат уште повеќе светлина од нивните претходници. Задните ЛЕД светла со анимирани индикатори имаат функција на продолжено останување вклучени и се стандардна опрема за „селекшн“ нивото на опрема.

Елегантната каросерија нуди коефициент на отпор со коефициент од 0,23, што е меѓу најдобрите остварувања во сегментот. Во споредба со претходникот, коефициентот на отпор е намален за 15 проценти.

Внатрешноста на суперб се одликува со инфо-забавен дисплеј со димензии до 13 инчи и чиста централна конзола, бидејќи рачката на менувачот се префрли на воланот. Како опција за прв пат е достапен хедап дисплеј и смарт дајалс на Шкода со кои контролирање на бројни функции на возилото  е многу поедноставено.

Новитет се седиштата со десет пневматски контролирани перничиња за масажа на грбот. Новите дизајн пакети нудат можност за опремување на салонот на возилото со врвни материјали од црна или кафена кожа или сива алкантара. Со капацитет на багажниот простор од 645 литри, големината на багажникот на е зголемена за 20 литри во однос на претходникот.

Најновата генерација на динамичка контрола на шасијата е достапна кај суперб за прв пат и ги комбинира удобноста и динамиката на возењето.

Четвртата генерација на суперб треба да се надоврзе на успехот на своите претходници. Шкода ја претстави првата генерација на суперб во 2001 година и до сега повеќе од 1.600.000 модели се испорачани на клиентите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ