17 годишниот Пау Кубарси до пред неколку месеци беше прилично анонимен за најголемиот дел од јаноста, но знаеше како да ја искористи укажаната шанса од Чави и се наметна во дефанзивата на Барселона.
За кратко време на сите им стана јасно дека „каталонците“ имаат нов супер-талент, па Жоан Лапорта и неговите соработници порзаа да го заштитат.
Попладнево пристигна информација дека Пау Кубарси ставил потпис на нова соработка до 2027 година (максимален договор за фудбалер под 18 години) и добил откупна клаузула од 500 милиони евра.
Дефанзивецот ќе добие и значително покачување на платата, од сегашните 50.000-80.000 евра по сезона, во 2024/25 ќе заработува околу 4 милиони евра бруто, а платата ќе бележи пораст секоја година.