вторник, 22 октомври 2024

Новиот собраниски состав ќе има пет потпретседатели

Собранието на денешната трета седница ја утврди предлог- одлуката со 84 ласа „за“ да бидат избрани пет потпретседателит, како и со 91 глас „за“ предлогот за основање на постојани работни тела. По гласањата пратениците од Европскиот фронт ја напуштија седницата.

Објавено на

часот

Сподели

Со одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието се формираат собраниските комисии – Комисијата за уставни прашања; Законодавно-правната комисија; Комисијата одбрана и безбедност; Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците; Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија; Комисијата за европски прашања; Комисијата за прашања на изборите и именувањата; Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на грашанинот; Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање; Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите; Комисијата за финансирање и буџет; Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика; Комисијата за земјоделство, шумартсво и водостопанство; Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање; Комисијата за образование, наука и спорт; Комисијата за култура и туризам; Комисијата за здравство; Комисијата за социјална политика, демографија и млади; Комисијата за локална самоуправа; Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за деловнички и манднатно-имунитетни прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ