петок, 18 октомври 2024

Новиот ДУП на Центар за Крњево 2 предвидува за една третина помалку бетонски градби

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од „ѕидовите без прекин“ на јужната и источната страна високи 42 метри и долги 206 метри од кои би се создавала сенка врз целата населба, сега во новиот план целосно е ослободена јужната страна во делот каде големиот комплекс се доближуваше најмногу до другите објекти и од каде фрлаше најмногу сенка врз населбата, а развиената површина на објектот е намалена од 57.456 м2 на 33.724 м2.

Или, севкупно, развиената површина на објектите за домување во ДУП-от Крњево 2 е намалена од 144.931 м2 на 93.640 м2, односно за 35%.

„При изработката на овој план ги земавме предвид сите параметри и водевме сметка да донесеме што е можно подобро решение, кое нема да биде на штета на нашите жители. Подобрени се урбанистичките решенија и за разлика од стариот план, во овој зголемено е растојанието помеѓу објектите, со што се добива поголемо проветрување на просторот и поголема осветленост. Наместо еден, воведовме два влеза и излеза во населбата, а Крњево ќе добие и пешачка улица“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Земени се предвид и растојанијата меѓу објектите кои во стариот план се високи 19 метри и се доближуваат на 5 или 7 метри меѓу себе. Во новиот план нема станбени објекти кои со лицето се доближуваат на помалку од 12 метри и тоа е во два случаи, а останатите се со растојание од 16, 20 метри и повеќе. Со поголемата оддалеченост на објектите и разбиените блокови се создава простор кој е подобро проветрен, има повеќе светлина и е побезбеден за граѓаните, вели градоначалникот и додава дека се подобрени и сообраќајните решенија, кои во стариот ДУП предвидувале слеп сообраќен крак од 220 метри, вцртан спротивно на правилата, со еден влез/излез во населбата и кој план не предвидувал пешачки улици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ