вторник, 22 октомври 2024

Новинските агенции бараат заеднички решенија против лажните вести поради вештачката интелигенција

Објавено на

часот

Сподели

Клеменс Пиг говореше на отворањето на петтата конференција „Идни медиуми“ организирана од полската државна новинска агенција ПАП во Варшава.

„Вештачката интелигенција во погрешни раце може да доведе до масивни бранови на лажни вести, напади и закани за демократските општества“, изјави Пиг.

„Затоа, клучно е за нас новинските агенции да работиме заедно, да си помагаме едни на други да изградиме знаење за вештачката интелигенција, нејзините предизвици и можности и да соработуваме на заедничките решенија за справување со брановите на лажни вести и слични предизвици што ги носи вештачката интелигенција“.

„Сериозните медиуми можат да опстанат во оваа борба само со веродостојно и доверливо новинарство“, рече тој.

Пиг нагласи дека рускиот напад на Украина покажал дека автократските режими ја поткопуваат слободата преку употреба на пропаганда и лажни информации.

Претседателот на ПАП, Војчех Сурмач, на таа тема рече дека од почетокот на руската инвазија, Полјаците и Украинците „се борат против брановите лажни информации за тоа што се случува во Украина, за тоа што се случува во Полска, за тоа кои сме ние и какви сме“.

Европската асоцијација на новински агенции (ЕАНА), е основана во 1956 година и обединува 33 новински агенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ