вторник, 22 октомври 2024

Нови воздушни напади врз Киев: „Соборени повеќе од 30 проектили и дронови“

Објавено на

часот

Сподели

Москва изврши 20 одделни ракетни и напади со дронови врз украинските градови од почетокот на мај.

Воените власти на Киев објавија на Телеграм дека Русија истовремено лансирала дронови и крстаречки ракети, пренесува Ројтерс.

„Според прелиминарните информации, повеќе од 30 воздушни цели од различни типови се откриени и уништени во воздушниот простор над и околу Киев од страна на силите за воздушна одбрана“, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, кој претходно објави два одделни бранови на напади, напиша на Телеграм дека нема повици за спасувачките служби.

Украина тврди дека нејзината одбрана ги соборува повеќето руски проектили и дронови, наведува британската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ