понеделник, 21 октомври 2024

Нови грижи за Зеленски: Кина нема да присуствува на состанокот за неговата мировна формула

Кина најверојатно нема да испрати свој претставник на состанокот кој ќе биде одржан на Малта, каде советниците за национална безбедност од повеќе од 55 земји ќе разговараат за мировната формула на Киев за прекин на конфликтот во Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Листата на учесници ги вклучува земјите од Г7, Катар, Јужна Африка, Индија и Турција, јавува Блумберг, додека други држави, како Бразил и Чиле, ќе учествуваат онлајн.

Отсуството на претставник на Пекинг претставува големо разочарување за украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се обидува да придобие поддршка за својата верзија на мировен план, наведуваат изворите на Блумберг.

Украина сака до крајот на годината да биде домаќин на сличен самит, на кој присуството на Кина ќе биде од клучно значење, оценува американскиот весник.

Состанокот на Малт ќе биде трет во тој формат, по претходните собири во Данска во јуни и Саудиска Арабија во август. Кинескиот претставник учествуваше на самитот во Џеда.

Планот на Зеленски вклучува „целосно повлекување на руските трупи од територијата на Украина“.

Неговите сојузници овие состаноци ги гледаат како платформа за функционерите од Киев своите аргументи да им ги изнесат директно на државите кои останаа главно неутрално, особено оние од глобалниот југ.

Украина се обидува и да формира работни групи кои би се бавеле со поединечни точки од мировниот план на претседателот Зеленски, но не наишле на позначителен интерес на неутралните земји, истакнува Блумберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ