вторник, 22 октомври 2024

Нови членови во Управниот одбор на Стопанската комора

Собранието на Стопанската комора на Македонија избра нови потпретседатели на УО –  Анита Блажевска (41) – Филип Морис ТКП и Ирена Јакимовска (50) – Комфи Ангел. Во УО се избрани и Снежана Савиќ Димовска (45) – Пивара Скопје АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) – Македонија турист АД-Скопје и Горан Мауровски (37) – Факом АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) – Аитоникс, Жарко Димитриоски (34) – „БД група и Аријана Коскаровска (34) – Креатив хаб. Исто така зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

Објавено на

часот

Сподели

Овие кадровски засилувања доаѓаат пред новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација, формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 – Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.

Во УО на Комората се наоѓаат и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев, д-р Никица Мојсовска Блажевска, сите на возраст помеѓу 30 и 45 години.

Континуираните кризи од 2008 до денес (економска, финансиска, здравствена, енергетска), го принуди потпретседателскиот тим на Комората Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси. Сега тие оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании, соопшти Стопанската комора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ