сабота, 19 октомври 2024

Нови 56 случаи на голема кашлица во последната недела од февруари

Институтот за јавно здравје од 23 до 29 минатиот месец регистрира 56 нови случаи на голема кашлица,  од кои 54 се во Скопје, а по еден во Струмица и во Дебар.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Заболените се на возраст од 0 до 70 години, а најголем број се од возрасните групи деца од 10- до 14 години.

Од новите 56 случаи,  хиспитализрани се три, две деца на возраст под една година и едно од возрасната група од 1 до 4 години.

Заклучно со 29 февруари годинава во државава  регистрирани се вкупно 123 случаи на голема кашлица. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 109 во девет различни општини, пет лица се од Тетово, четири лица живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица и Дебар.

„Првиот пријавен случај е регистриран на 5 јануари, а само во последните 7 дена се пријавени 56 случаи, два пати повеќе во однос на претходниот неделен период за пријавување. Од вкупниот број на регистрирани 123 случаи, 77 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или немале доказ за вакцинација. Од заболените, регистрирани се 27 лица со хоспитализација и тоа 22 од нив на возраст до четири години“, информира ИЈЗ.

Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

Од 18 јануари до вчера, согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од службите за вакцинација (Гази Баба, Чаир Карпош, Кисела Вода и Центар) е утврдено дека се пронајдени 13.184 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив, вакцинирани се 5.056. Од вакцинираните, најголем број примиле прва ревакцина и тоа 2.492.

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 7.690 деца на возраст до 7 години, а најголем број, 4.729 од вакцинираните деца примиле прва, втора и трета доза на примовакцинација.  Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација ( прва, втора и трета доза) или ревакцинација ( прва и втора ревакцина) на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 29 февруари изнесува 12.746.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ