среда, 4 декември 2024

Нова лада нива од 1980 година се продава за апсурдни 270.000 евра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Претставена во 1977 година и сè уште во производство до ден денес, лада нива го задржа својот груб, минималистички карактер, како и ниската цена, заедно со неизменетиот изглед и покрај бројните надградби низ годините. Достапноста на чичка нова лада нива ја прави цената на примерокот од 1980 година уште почудна. Сепак, мора да се истакне беспрекорната состојба на моделот, зачуван цели 43 години од излегувањето од фабриката.

Како што е наведено во огласот на рускиот сајт Ауто, овој теренец е лоциран во Тољати, Русија, во близина на фабриката на АвтоВАЗ. Сопственикот ја има оригиналната документација и фактурата, доказ за купувањето на нивата во 1980 година. Бидејќи е еден од раните примероци на првиот сериски теренец со споени шасија и каросерија, има хоризонтално поставени стоп-светла, што само ја зголемува привлечноста.

И покрај своите години, екстериерот на оваа нива е во одлична состојба, со оригиналната црвена боја, хромирани браници и сјајни челични тркала. Амортизацијата, моторот, диференцијалот и ауспухот изгледаат недопрени и изгледаат како на совршено реставриран класичен автомобил. Во внатрешноста, седиштата и инструмент-таблата се покриени со фабричките најлонските заштити, дополнително зачувувајќи ги.

Под хаубата е оригиналниот атмосферски 1,6-литарски четирицилиндерски бензински мотор со 76 коњски сили. Ова е нешто помалку од 1,7-литарскиот бензинец со 83 коњски сили на актуелниот модел. Силата се префрла на сите четири тркала преку 4-брзински рачен менувач и систем за погон на сите тркала со три диференцијали со заклучување.

Имајќи предвид дека новата лада нива леџенд, која е нешто помодерна, почнува од разумни 8.664 долари во Русија, не е веројатно дека некој ќе сака да плати речиси 270 илјади евра за оваа временска капсула. Единствената логична намена за класичниот теренец е да биде изложен во музеј, за идните генерации да можат да ја видат оригиналната лада нива во оригиналната сотојба.

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

нива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ