петок, 22 ноември 2024

Нова инвестиција во ТИРЗ, ЕМАПТА ќе вработи 850 млади луѓе

Мултинационалната водечка компанија за аутсорсинг услуги ЕМАПТА ќе отвори деловен простор од 6.000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 1 и планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години или преку 10.000 за една деценија.

Објавено на

часот

Сподели

До крајот на инвестицискиот период само за плати компанијата најавува дека ќе вложи над 15 милиони евра годишно.

Како што истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски кои денеска, на средба со новинари, ја промовираа инвестицијата. ЕМАПТА веќе една година работи во Македонија, во канцеларии во Скопје и има вработено 30 луѓе. Но, сега стартува со конкретна инвестиција.

За да добие државна поддршка компанијата мора да има минимум 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1.000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3.250 евра по вработен.

„Основачот на ЕМАПТА е од Австралија, а дојде тука благодарение на нашинец кој работеше таму“, рече Деспотовски.

Според премиерот Ковачевски, за успесите на оваа компанија доволно говори фактот што со својата мрежа се протега низ цела Европа, Јужна Америка и со силно глобално присуство во Австралија, Сингапур, Шри Ланка, Малезија, Нов Зеланд и други, со портфолио од 730 компании клиенти и 7.600 вработени ширум светот.

„Со проширувањето на ЕМАПТА во земјава и нивната инвестиција во ТИРЗ Скопје 1, воведуваме нов пристап кон диверзификација на инвестициите и проширување кон услужните дејности. Преку ЕМАПТА, нашите млади луѓе ќе работат за компании од светски ранг, ќе станат дел од глобалните текови. Ќе работат локално, но ќе делуваат глобално. Со тоа и Северна Македонија станува дел од светските глобализациски трендови“, потенцира Ковачевски.

ЕМАПТА обезбедува квалитетна работна сила за нејзините клиенти глобално. Нејзината мрежа вклучува оперативни капацитети во Азија, Европа, Јужна Америка и Австралија. Основана во 2010 година во Австралија од основачот Тим Ворбах, корпорацијата работи по one-stop-shop концепт и нуди широк спектар професионалци и дејности со цел да ги задоволат различните барања и потреби на компаниите клиенти.

Широкaта понуда на професионални услуги и таленти на ЕМАПТА се насочени кон клучните вертикални пазари, вклучувајќи ИТ и ИКТ, медицина, телеоператори и телекомуникации, IoT (Internet of Things), софтверски инженеринг, истражување и развој во компјутерски технологии, сметководство, продажба,…

ЕМАПТА опслужува разновидни водечки глобални брендови на 4 континенти. Во 2022 година остварила приходи од 2,8 милијарди долари, со проекција до три милијарди американски долари за идната година.

Финансиските проекции на ЕМАПТА Македонија растат континуирано, веќе во 2027 година компанијата предвидува приходи од 14 милиони евра, а до крајот на инвестицискиот проект во 2033 се предвидуваат приходи од 66 милиони евра.

Целната група на компанијата се млади квалитетни луѓе најчесто со високо образование кои ќе останат во државата и ќе работат за странски клиенти. ЕМАПТА цели кон ширење на целиот европски континент преку главното седиште овде во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ