сабота, 13 јули 2024

Нов Зеланд ја прекина доживотната забрана за пушење на идните генерации

Објавено на

часот

Сподели

Законот е дизајниран да спречи илјадници смртни случаи поврзани со пушењето и да заштеди милијарди долари на здравствениот систем. Законот, за кој се верува дека го инспирирал планот во ОК за постепено укинување на пушењето за идните генерации, содржи голем број други мерки за да се направи пушењето помалку достапно.

Тоа вклучува драматично намалување на законската количина на никотин во тутунските производи, дозвола за нивно продавање само во специјални продавници за тутун и намалување на бројот на законски дозволени продавници за цигари од 6.000 на само 600 низ целата земја, пишува Гардијан.

Се требало да започне да се спроведува од јули следната година. Но, како дел од коалицискиот договор со популистичката партија Нов Зеланд Прв, Националната партија се согласи да ги укине амандманите, вклучително и „отстранување на условот за деникотинизација и отстранување на намалувањата на малопродажните места и забраните за производство“.

Во саботата, новата министерка за финансии Никола Вилис рече дека мерките ќе бидат укинати пред март следната година, а приходот од продажбата на цигари ќе оди кон најавените даночни намалувања. Националната партија мораше да најде нови начини за финансирање на својот даночен план, откако коалициониот партнер Нов Зеланд Прв го отфрли предлогот да им дозволи на странски купувачи да се вратат на пазарот за недвижнини.

Во предизборното фискално ажурирање на Министерството за финансии се вели дека намалувањето на бројот на продавници што би можеле да продаваат тутунски производи и низа дополнителни ограничувања поврзани со пушењето значително ќе ги намалат приходите на круната, изјави Вилис за Њузхаб нејшн.

„Враќајќи се на оние дополнителни извори на приходи и други области на заштеди кои ќе ни помогнат да ги финансираме даночните намалувања, мораме да запомниме дека промените во законите за забрана на пушењето имаа значително влијание врз државните книги – околу милијарда долари“, рече таа.

Премиерот Кристофер Луксон најави дека овој потег ќе спречи појава на скриен пазар за тутун и ќе спречи продавниците да станат мета на криминал. „Концентрацијата на дистрибуција на цигари во една продавница во еден мал град би била огромен магнет за криминал“, изјави Луксон за Радио Нов Зеланд.

Луксон рече дека неговата влада ќе продолжи да ги намалува стапките на пушење преку образование и други политики. Но, експертите за јавно здравје изразија шокираност од промената на политиката, велејќи дека тоа може да чини до 5.000 животи годишно и би било особено штетно за Маорите, кои имаат повисоки стапки на пушење.

„Ова е огромна загуба за јавното здравје и огромна победа за тутунската индустрија – чии профити ќе бидат зголемени на сметка на човечки животи“, рече професорката Лиза Те Моренга, претседателка на невладината индустриска групација Здравствена коалиција Аотеароа.

Таа истакна дека една неодамнешна студија покажа дека новите регулативи ќе заштедат 1,3 милијарди долари во трошоците за здравствениот систем во следните 20 години, доколку целосно се применат, и ќе ја намалат стапката на смртност: 22% за жените и 9% за мажите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ