вторник, 22 октомври 2024

Нов пораз за Пелистер, Загреб си замина со целиот плен од Битола

Десет натпревари, десет порази за Пелистер во Лигата на шампионите, овојпат македонскиот шампион загуби тесно, само со еден разлика, Загреб го доби мечот во Битола со 23-22.
 

Објавено на

часот

Сподели

Загреб беше подобар противник и заслужено си оди со победа. Пелистер не водеше ниту во еден момент од мечот иако битолчани храбро се бореа до последните моменти за да ги освојат првите бодови.

Највисоката предност на Загреб беше пет голови, толку разлика беше неколкупати во мечот. Во текот на второто полувреме Пелистер комплетно се врати, дојде до 18-18, но не успеа да го сврти резултатот. Во финишот Загреб беше подобар и на крајот славеше со 23-22.

Убедливо најдобар кај Пелистер беше Кузмановски со осум голови, најдобар кај Загреб беше Кларица, Чупиќ даде три гола, а Дибиров два.

Сега следува пауза во Лигата на шампионите, следниот меч за Пелистер е на 14. февруари кога во Битола гостува ПСЖ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ