петок, 18 октомври 2024
НБА

Нов пораз на Далас, Дончиќ промаши шут за победа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Атланта и Далас одиграа крајно неизвесен натпревар кој го добија домаќините. Во самиот финиш од продолжението, Ирвинг направи непотребен фаул, на 1,8 секунди до крајот Тре Јанг погоди две слободни фрлања и Атланта поведе со 132-130.

Лука Дончиќ го имаше последниот шут за Далас, се обиде од тешка позиција да постигне тројка за победа, но не успеа.

Ирвинг со 41 поен беше најдобар во тимот на Далас, Дончиќ постигна 22. За Атланта Мареј реализираше 25, Јанг 24.

Денвер без Никола Јокиќ со 112-110 го совлада тимот на Голден стејт. Портер постигна 29 поени, имаше и 11 скокови, Мареј реализираше 26 поени, кај Голден стејт Томпсон со 25 поени беше најефикасен.

Резултати: Шарлот – Торонто 108-128, Бруклин – Јута 111-110, Чикаго – Мемфис 128-107, Минесота – Портланд 105-107, Атланта – Далас 132-130, Њујорк – Вашнгтон 118-109, Орландо – Детроит 128-102, Сакраменто – Сан Антонио 134-142, Хјустон – ЛА Лејкерс 109-134, Оклахома – Феникс 118-128, Кливленд – Индијана 115-105, Милвоки – Филаделфија 117-104, Денвер – Голден стејт 112-110.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ